Времето денеска ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови, јави УХМР.
Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер кој ќе дува и преку ноќта.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје, од пладневните часови ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Од крајот на денот ќе започнат повремени врнежи од дожд кои ќе се проследени со умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.