Постара штипјанка настрада откако вчера била удрена од автобус во Штип, соопшти МВР.
Според истиот извор, вчера околу 13.10 часот на улица „Лески“ во Штип автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од В.С.(52) од Штип, удрил во пешакот С.А.(74) од Штип. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14.50 часот починала.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.