Унгарската полиција привремено го затвори граничниот премин Келебија со Србија за да го пресече патот на стотина мигранти кои се обиделе да ја преминат границата.
Медиумите јавуваат дека околу 100 мигранти, кои се организирале преку социјалните мрежи, пристигнале до преминот Келебија во обид да го продолжат патот кон Западна Европа, но биле пречекани од барикади и интервенирала унгарската полиција. На границата, според српските медиуми, биле распоредени околу стотина припадници на специјалната едниница за интервенции. Мигрантите носеле транспаренти на кои пишува дека се бегалци, а не криминалци, дека сакаат во ЕУ, да се едуцираат и дека се гладни. Тие велат дека се од Мароко, Сирија, Палестина, Ирак и Иран.
Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата.