Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека новиот коронавирус најверојатно ќе се прошири во другите делови на Кина и евентуално во други земји во наредниот период.
– Треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина и веројатно во другите земји во наредните денови – вели портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, според Ројтерс.
Досега во Кина, вирусот во најголем дел е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи во Шангај и Пекинг.
Според последните информации шест лица досега починаа како последица на вирусот, а потврдени се над 250 случаи на заразени.