Со победите над Австрија и над Германија, Шпанија и Хрватска обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство (ЕП) во Австрија, Норвешка и во Шведска. Двете селекции се доближија и до директен пласман на Светското првенство (СП) в година во Египет, на кое ќе играат првите три селекции од ЕП 2020. Од Европа сигурен учесник е и Данска како светски првак.

Бранителот на титулата европски првак, Шпанија, го надигра амбициозниот домаќин Австрија и со победата со 30-26 си обезбеди место во мечевите за медали на ЕП. Вистинска драма се случуваше на дуелот Хрватска – Германија. Хрватите имаа негатива од пет гола во првото полувреме (8-13), минус три на полувремето (11-14), повторно минус пет во второто полувреме (12-17), но успеаја да направат целосен пресврт и да ѝ се реваншираат на Германија за поразот на СП 2019, победувајќи со 25-24.

Синоќа се играа мечевите од 2. коло од главната фаза, група 2. Денеска на програмата се мечевите од 3. коло, група 1, во кои Хрватите ќе се сретнат со Чешка, Шпанија за противник ќе ја има Белорусија, а домаќинот Австрија ќе игра со Германија. 


ГРУПА 1
Хрватска – Чешка 16 ч.
Белорусија – Шпанија 18.15 ч.
Австрија – Германија 20.30 ч.
Хрватска – Шпанија среда
Белорусија – Австрија среда
Чешка – Германија среда
ТАБЕЛА
Хрватска 3 3 0 0 6
Шпанија 3 3 0 0 6
Германија 3 1 0 2 2
Австрија 3 1 0 2 2
Белорусија 3 1 0 2 2
Чешка 3 0 0 3 0

ГРУПА 2
Португалија – Исланд синоќа
Словенија – Унгарија синоќа
Норвешка – Шведска синоќа
Португалија – Словенија утре
Норвешка – Исланд утре
Унгарија – Шведска утре
Португалија – Унгарија среда
Норвешка – Словенија среда
Исланд – Шведска среда
ТАБЕЛА
Норвешка 2 2 0 0 4
Словенија 2 2 0 0 4
Португалија 2 1 0 1 2
Унгарија 2 1 0 1 2
Шведска 2 0 0 2 0
Исланд 2 0 0 2 0