Имавме долги и пријатни разговори со патријархот Вартоломеј во седиштето на Цариградската патријаршија. Се надеваме дека тој ќе продолжи да потикнува дијалог за решавање на проблемите кои постојат во православниот свет. Охрабрени сме дека оваа заемна комуникација ќе продолжи и понатаму и ќе започне зајакнат дијалог за надминување на проблемите коишто го има МПЦ – рече техничкиот премиер Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање околу посетата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул.
Спасовски го поканил патријархот Вартоломеј да ја посети македонија, истакнувајќи дека средбата дошла по иницијатива којашто започна минатата година од страна на Владата и има за цел да воспостави непосредба комуникација со Цариградската патријаршја.