Познатиот македонски џез-музичар Владимир Четкар, денеска, во 13 часот, ќе одржи бесплатен концерт на плоштадот во Охрид. Настанот е во организација на општината Охрид, како дел од програмата ,,Охрид ве очекува“.
Тој ќе настапи со својот џез, соул и фанк-ансамбл, во кој членуваат Ѓоле Максимовски, бас-гитара, Филип Стевановски, тромбон, Виктор Филиповски, тапани, Демир Кантуровски, труба, Игор Величковски, саксофон, Ратко Даутовски, перкусии, Филип Димисковски, клавијатури и Сара Николовска и Ана Костадиновска, придружни вокали.
Четкар долги години живее во Њујорк, САД, и настапува во светски познати џез-клубови. Тој е чест гостин на многу музички настани низ светот, а пред неколку години во рамките на својата светска турнеја одржа концерти и во Хонгконг, Кина, Јужна Кореја и во Сеул.