Оваа година светот ќе ја прослави 250-годишнината од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен, при што Бон и Виена ќе ја преземат централната манифестација, пишуваат медиумите. Бон беше родно место на композиторот, а живеел во Виена. Прославата на годишнината веќе започна во Бон со настапот на Бетовенскиот оркестар на операта, ден пред роденденот на композиторот. Во Германија се планираат околу 1.000 концерти, опери, изложби и конференции во текот на годината. Повеќето од настаните се во Бон, каде што Бетовен е роден, на 17 декември 1770 година. За нив се очекува да бидат потрошени повеќе од 42 милиони евра. На 1 февруари е премиерата на операта „Фиделио“ во Виена, каде што композиторот живеел во почетокот на 19 век.
„Бетовенскиот маратон“ во Берлин ќе се одржи на 25 и 26 април. Тогаш, Берлинската филхармонија ќе изведува дела од композиторот 24 часа. На 28 април, тим музиколози и компјутерски специјалисти во Бон ќе ги презентираат резултатите од нивниот обид да ја завршат недовршената 10-та симфонија на Бетовен со употреба на вештачка интелигенција. На 16 мај, електронскиот музички бенд „Крафтверк“ ќе изведе концерт на отворено во Бон. На 17 декември 2020 година, годината на Бетовен ќе заврши на пленарна седница во Бундестагот во Бон.