Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го поздрави изборот на новата италијанска Влада на премиерот Џузепе Конте, порачувајќи дека Германија и Италија како земји основачи на ЕУ, имаат здрави политички, економски и културни врски.    

– Очекувам тоа блиско партнерство да продолжи и да стане уште посилно- наведува Меркел во пораката до Конте.

Како што јави ДПА, германската канцеларка во поздравната телеграма до Конте му поскала среќа и успех во работата.