Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во пожар во куќа во струшкото село Калишта. Според пријавата во полицијата во Струга, 73-годишниот Р.Е. се здобил со тешки изгореници, по што починал.
Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од село Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.