Универзитетот во Калифорнија објави извештај за индексот на инклузивност во 2019 година според кој Холандија е најтолерантна земја во светот.
По Холандија следуваат Шведска, Норвешка, Португалија, Ирска, Велика Британија, Канада, Финска, Луксембург и Данска. На листата на најинклузивни односно најтолерантни земји во светот се исто така и Германија, Австрија, Белгија и Австралија.
Од земјите во регионот најдобро рангирана е Хрватска која се наоѓа на 13. место на оваа листа. По Хрватска следува Албанија на 18. место и Словенија на 30. место од вкупно 132 земји оценети оваа година.
Србија е на 40. место, Босна и Херцеговина на 45, Македонија на 80. и Црна Гора на 81.Најмалку инклузивни земји во светот се Јемен, Ирак, Судан, Мароко и Руанда.
Индексот на инклузивност е сеопфатен извештај за состојбата на инклузивноста во светот. Главните параметри оценети со извештајот се инклузивноста на граѓаните во однос на полот, инвалидитетот, расата, етничката и верската припадност и многу други области.