Зошто на 22 февруари давате непостоечки еден милион евра спакувани во ташна Луј Витон, го праша Бојан Јовановски сведокот Орце Камчев на продолжението на седницата.
– Јас одлучив да ги исплатам парите за да се тргне лагата – рече Камчев и кажа дека парите не се непостоечки.
„Дали свесно ја игравте улогата на агент-провокатор за да ги информирате вашите странски пријатели” праша Јовановски, а судот не дозволи Камчев да одговори на прашањето.
На следното прашање, дали свесно го наведувал Јовановски да спомнува имиња на политичари пред него, Камчев рече „не“, како и дека „свесно не го наведувал на ништо“.
– Свесно ли те наведов да ја носиш Јанева на операција за да си ја смали килажата – му рече Камчев на Јовановски пред судот.