Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди за вклучување на Украина и изборниот процес. Истрагата за отповикувањето на Доналд Трамп собра многу докази за несоодветно однесување на американскиот претседател на САД, се вели во официјалниот извештај на парламентарната комисија што ја надгледуваше истрагата.
– Истрагата за отповикување покажа дека Трамп, лично или преку агенти, внатре и надвор од владата, се мешал во работите на странска земја Украина, во корист на неговата кампања – за претседателските избори тој очекува повторно да победи, се вели во извештајот на Одборот за разузнавање на Претставничкиот дом.
Пред Одборот за правда на Претставничкиот дом, што го предводат демократите, почнуваат првите расправи за обвиненијата против републиканскиот претседател. Одборот е задолжен да донесе одлука дали во долниот дом на Конгресот да предложи отповикување на претседателот Трамп.