Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван и во нашата земја, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 9 часот и 26 минути, со епицентар во Албанија, на растојание од 160 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјата (Кичево, Охрид и Битола) со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од 3 степени во Скопје и околината според истата скала.
Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Албанија минатиот вторник загина 51 лице. Најпогодени беа Драч и Туман.