Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп проценила дека меѓу 80 илјади и 120 илјади политички затвореници се наоѓаат во кампови за затвореници во Северна Кореја.
Тоа е објавено во годишен извештај на Стејт департментот за меѓународните верски слободи.
Во извештајот се додава дека затворениците се држат во „ужасни услови“ во оддалечени области, но и дека севернокорејскиот Устав гарантира „право на вера“ за граѓаните. Државниот секретар Мајк Помпео денеска официјално ќе го претстави извештајот.