Погледот од височина е многу подобар, што му остава доволно време на ловџијата за прецизно одредување на вредноста на дивото животно што сака да го лови, а и истрелот е попрецизен
Постојат повеќе причини зошто треба да се прават и да се користат високите чеки од страна на ловџиите при ловењето на дивечот. Познато е дека чеката служи за полесно и попрецизно набљудување на дивите животни. Погледот од височина е многу подобар, оти нема препреки што би го попречувале посматрањето, што му остава, пак, доволно време на ловџијата за прецизно одредување на вредноста на дивото животно што сака да го лови, а и истрелот е попрецизен. Понатаму повеќето цицачи имаат свое видно поле паралелно со земјата и претежно не ја креваат главата нагоре додека се движат. Од друга страна, со самиот факт дека ловџијата е на повисока позиција помала е веројатноста дека ќе биде забележан од дивечот. Доколку, пак, страничните делови на чеката се затворени, ловџијата без страв може да прави и полесни движења во неа без да биде забележан. Понатаму и звуците се придушени, а миризбата речиси и да не допира до дивечот.
Но безбедноста на ловџијата секако е најважна. Кога ловџијата е качен на чека, тогаш и другите ловџии ја знаат неговата точна локација што, пак, овозможува да биде во безбедната зона на ловење. Самото пукање од неа се врши под остар агол, па куршумот или сачмите секогаш завршуваат во земјата, а влијанието на косиот истрел е практично занемарливо.
На чеките се прават и потпирачи за пушката кога ловџијата нишани. Потпирачот може да биде и подвижен, но и да се намести по висина. Со ова се овозможува полесно нишанење што, пак, резултира и со успешен лов.
Покрај тоа што чеката треба да биде безбедна за ловџијата, таа треба и естетски да се вклопи во околината. Затоа повисоката чека е исклучително погодна за сите ловџии, а особено за постарите, кои се помалку подвижни или со нарушено здравје, но кои, сепак, се способни трпеливо да седат и да посматраат од платформата.
Зошто рибите се откачуваат од јадицата?
Понатаму рибата го казнува секое премислување, непотребно попуштање и деконцентрација на рибарот при ловот, а особено при извлекувањето на покрупните риби, каде што отпорот е и поголем
Има повеќе причини што доведуваат до откачување на рибата од јадицата што, пак, може да им се случи и на поискусните рибари, а не само на почетниците. Ќе наведеме неколку причини, кои се и најчести.
Карпестите терени, острите камења, гранки, можат да го скинат конецот. Токму затоа е и потребно често контролирање на конецот, барем еден метар над мамката, ако не повеќе. Понатаму рибата го казнува секое премислување, непотребно попуштање и деконцентрација на рибарот при ловот, а особено при извлекувањето на покрупните риби, каде што отпорот е и поголем. Плитко забодената јадица во виличната коска на рибата е исто така чест случај. Сечилото на јадицата под тие услови не навлегува длабоко, туку се лизга по ткивото или коската на рибата, што резултира со откачување на јадицата.
Неправилно прифаќање или, пак, ставање на фатената риба во плитка вода, може да доведе до откачување, поради подигнување на рибарскиот стап и елиминирање на вишокот конец, што влијае како движење. Понатаму, користењето стара опрема за риболов, а некористење кука, задоцнета контра и слично.