Русија официјално им предложи на САД продолжување на договорот за контрола на нуклеарно оружје „Нов СТАРТ“ на пет години, иако Москва е подготвена и на покус рок, според висок руски функционер, пренесуваат светските медиуми.
Русија веќе предупреди дека нема повеќе време за двете нуклеарни суперсили да преговараат за заменски договор. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека е подготвен да го продолжи договорот, за кој неговиот американски колега Доналд Трамп уште во 2017 година истакна дека го смета за лош договор за САД.
Според документот, Вашингтон и Москва не смеат поединечно да имаат повеќе од 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави, според документот.
Спогодбата што истекува во февруари 2021 година, претставува последен голем договор за контрола на нуклеарното оружување помеѓу Москва и Вашингтон кој се уште е во сила.