Доброволен австралиски пожарникар е обвинет дека намерно подметнал пожар за време на огнената ситихија која ја погоди Австралија.
Полицијата уапсила 19-годишно момче поради седум потпалувања во области јужно од Сиднеј, во сојузната држава Нов Јужен Велс.
Неговите наводни постапки, локалната противпожарна служба ги оцени како крајно предавство.
Полицијата соопшти дека го уапсила момчето откако испитала дел од подрачјето зафатено од пожар за кој се сметаше дека е намерно предизвикан во октомври.
Вчера во околината забележале човек како седи во својот автомобил покрај реката, а наскоро виделе чад и огромен куп запалени дрвја и трева.
Кога била повикана противпожарната служба, полицијата го забележала истиот човек како доаѓа да го изгасне пожарот.
Тој била уапсен набргу потоа и е предвидено денеска да се појави на суд на прелиминарно рочиште.
Повеќе од 120 пожари сè уште горат низ австралиската држава Нов Јужен Велс. Официјални лица предупредуваат дека најлошата сезона допрва доаѓа.
За време на пожарите што го разорија источниот брег на Австралија од септември, шест лица загинаа, а повеќе од 650 куќи се запалени. Поажарите нанесоа и големи штети врз популацијата на коали во земјата, уништувајќи ги живеалиштата на овие животни.
Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс, за себе вели дека е најголема доброволна противпожарна служба во светот. Повеќето членови се обучени волонтери.