Пијано-маратон во преполниот изложбен салон на центарот за култура „Марко Цепенков“ одржаа минатата недела учениците од општинското музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ од Прилеп.
Овој пат манифестацијата беше посветена на македонското музичко творештво, за поголема афирмација и запознавање на учениците и публиката со македонската класична музика за инструментот пијано и со делата на македонските композитори.
Над 30 млади ученици го покажаа својот талент свирејќи композиции од: В. Николоски, Т. Зографски, Цанев, Прошев, В. Аврамовски, а на репертоарот беа и народни композиции.
Пијано-маратонот на музичкото училиште од Прилеп станува веќе традиција, а за најуспешните имаше пригодни награди.