Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска треба да игра во полуфиналето на турнирот во Анталија (Турција, награден фонд 15.000 долари, се игра на тврда подлога) со Оона Орпана од Финска. На патот до полуфиналето Ѓорческа, која е втора носителка на турнирот (Орпана е петта), славеше на три дуела без загубен сет (вкупно 16 загубени гејма), а вчера во четврт-финалето над Андреа Гитеску (осма носителка) од Романија со 6-4, 6-2. Таа во октомври, исто така, во Анталија, го освои трофејот во двојки, што беше нејзина 50-та титула во кариерата. На актуелниот турнир Ѓорческа игра само во поединечна конкуренција.