Од денеска до 22 ноември во МКЦ (кино „Фросина“) ќе се одржат три филмски проекции на филмот „Небеска тема“.
Станува збор за документарец за животот и делото на Влада Дивљан, најпознат како фронтмен на српскиот и ексјугословенски рок бенд „Идоли“, еден од рок-бендовите што го започнаа југословенскиот нов бран на културната сцена во поранешна Југославија во 1980-тите.
Секоја проекција почнува во 20 часот, а билетите изнесуваат 100 денари.