И во овој број на „Колибри“ повторно ќе ве насмееме со мудростите на малата Лана што нејзината мајка Ивана Папеш Богосављев, која е наставничка и писателка, ги собра во книгата „Мамо, слушај“. Книгата на српски јазик ја објави Банатскиот културен центар од Ново Милошево.
Инаку, Лана живее дури во Србија, во градот Суботица. Многу сака да игра, да пее, да се дружи, да се забавува, да трча, да спортува… Често од нејзиното срценце и од нејзиното мозоче излегуваат „бисери“, но, за среќа, нејзината мајка Ивана ги запишува мудростите, а вие можете да ги прочитате на нашите страници.
МАМО, СЛУШАЈ!
Се договараме со Лана за уписот на училиште, следниот ден.
Лана прашува: Koга ќе отидеме да го истресам сиот свој памет или, сепак, да молчам малку.
Мене ми е жал за нејзината учителка.
* * *
Читам книга, а Лана си пушта музика за себе. Во еден момент мрдам со нозете.
Лана: Aaa, гледам, ти се допаѓа музикава, ти играат нозете.
* * *
Лана, треба да ја средиш масата.
Јас не би го правела тоа денеска.
Лана, денеска треба да се направи тоа.
Но денеска не е вистински ден за тоа.
А кога е вистински ден?
Па, утре!
* * *
Лана ми објаснува некој цртан филм: зелениот секогаш спие, виолетовиот е уметник како тебе – секогаш е нешто збунет, црвениот секогаш се лути за нешто, а жолтиот е паметен – знаеш како мене.
* * *
Разговарам со децата за организација на роденденот на Лука и, нормално, доаѓаме до разговор за подарок. Лука сака мобилен телефон, а јас баш не го дозволувам тоа.
Тогаш Лана вели: Ајде мамо, јас ќе му купам телефон. Ти само ќе ми дадеш пари и тоа е тоа.
* * *
Мама: Лана, одиме.
Лана: Не сакам.
Мама: Aјде Лана, одиме
Лана: Aма не сакам!
Мама: Aјде Лана, да одиме малку надвор.
Лана: Добро, одиме, ама нема да бидам мирна.
* * *
Си играм со Лана, внесување коцки со различни облици во една кутија. На почетокот од играта, таа ни дели еднаков број коцки, а јас намерно грешам при вметнувањето. По неколку мои грешки, Лана ми дава две коцкички и ми вели: Доста ти се, и онака не ја сфаќаш играва.
* * *
Знаеш ли која е разликата меѓу лук и кромид? Лукот смрди само од устата, а кромидот смрди насекаде.
* * *
Се враќам од тренинг и слегувам со Лана по скалите. Чекај Лана, не можам толку брзо, ми се тресат нозете.
Лана: Jaс кога седам долго ми се тресат нозете горе-долу, а тебе како ти се тресат? Лево-десно?
Превод од српски јазик: Филип Димкоски