Германија и Кина се залагаат за опстојување на Договорот за иранската нуклеарна програма и покрај одлуката на САД за повлекување од него, изјави денеска во Пекинг германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција со кинескиот премиер Ли Кечјанг.
По средба со Меркел, која престојува во дводневна посета на Кина, Ли посочи дека иранскиот проблем е решен врз основа на мултелатералната спогодба и неговото успешно надминување ќе зависи од целосно и стрикно почитување на обврските од договорот.
Ли нагласи и дека Кина од секогаш ги поддржувала единството и просперитетот на Европа, додавајќи дека Пекинг и Берлин се залагата за почитување на принципите на слободната трговија.
За денеска е предвидено Меркел во Пекинг да се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг.