Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Приштина, но сè уште не е познато со кои политички претставници ќе оствари средби.
Според соопштението на Амбасадата на САД во Приштина, која го најави неговото пристигнување, тој ќе се обрати пред претставници на граѓанските здруженија и студенти во градската библиотека во попладневните часови, а потоа ќе одговора на нивни прашања, објави приштинскиот весник „Газета експрес“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.
Палмер претходно беше во Скопје, каде што оствари средби со високи владини претставници.