Амбасадата на Република Австрија во нашата земја на свеченоста организирана по повод Националниот празник кој се одржа на 24 октомври оваа година во Македонската опера и балет, на проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ му додели медал, односно највисокото признание – крст на честа за наука и уметност, прва класа.
Овој медал, австриската влада му го додели на проф. Јанкуловски поради неговите заслуги и големиот придонес за востановување на нова и унапредување на постојната образовна и научноистражувачка работа помеѓу УКИМ и австриските високообразовни и научноистражувачки институции.
Заложбите на проф. Јанкуловски за развивање и унапредување на оваа соработка започнале за време на неговите два мандата како декан на Медицинскиот факултет при УКИМ и се интензивирале за време на неговиот мандат како актуелен ректор на УКИМ.