Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, истакна дека ДИК е подготвена да спроведе парламентарни избори по кој било модел за кој политичките партии би постигнале договор.
Дерковски нагласи и дека избирачкиот список е во ред, односно на него нема т.н. фантомски гласачи.
Тој додаде дека институцијата задолжена за изборите доставила и предлози во согласност со претходните препораки на ОБСЕ и ОДИХР, со цел за техничко подобрување на изборниот процес.