Матијас Нобауер, директор за клауд и ИТ-услуги во „А1 диџитал“

Со големо искуство во клауд-услугите и имплементацијата на стратегиски и сложени проекти, Матијас Нобауер, како директор за клауд и ИТ-услугите во „А1 диџитал“, е задолжен за овозможување квалитетни и навремени услуги за клиентите. Нобауер има богато искуство токму во областа за обезбедување клауд-услуги и клауд-решенијата за клиентите.

Како се разликува овој вид услуги од другите?
– Како регионален давател на клауд-услуги се фокусираме на локалните барања и стандарди. Тоа значи дека ги поддржуваме клиентите при нивната клауд-трансформација во области од нивните деловни процеси онаму каде што другите даватели на клауд-услуги не можат. Нашиот најсилен адут е постапувањето во согласност со европските закони, заштитата на личните податоци и целосно сертифицираната услуга.

Може ли да ни откриете како функционира клауд-платформата „Егзоскејл“ што ја нуди „А1 диџитал“ и на кој начин ги поддржува компаниите во нивната работа?
– „Егзоскејл“ е клауд-услуга што на нашите клиенти им нуди компјутерски инфраструктурни услуги (Infrastructure as a Service (IaaS)), за да го променат начинот на кој ги водат своите ИТ-операции: од едноставна трансформација, до намалување на времето за пласирање на пазарот нови софтверски решенија за интеракција со клиентите, што бара поголема флексибилност и агилност на вашиот ИТ-систем. Перформансите и цената се конкретни придобивки од нашата клауд-услуга „Егзоскејл“. На пример, гарантираме дека времето на вклучување на нашите компјутерски системи (виртуелни сервери) е помало од 30 секунди. Перформансите на нашите компјутерски системи се далеку подобри од конкуренцијата, а притоа клиентите лесно ќе претпостават како ќе изгледа фактурата за добиените услуги на крајот од месецот.

Што бараат вообичаено компаниите од една клауд-платформа, односно кој е нивниот најголем приоритет?
– Клауд-платформа може да биде многу широк термин. Клиентите што бараат ИааС-услуги имаат потреба од компјутерски системи и простор за складирање преку платформа што се заснова врз клауд-технологијата. Ваквите клиенти се воодушевени од „Егзоскејл“ поради тоа што не мора да плаќаат за функциите што не ги користат.

Кој беше најтешкиот проект на кој сте работеле?
– Ќе истакнам еден партнерски проект, кој долго го подготвувавме за нашите клиенти заедно со компанијата „Леново“, како етаблиран производител на хардвер. Нудиме иновативно, а, пред сè, безбедно клауд-решение на пазарот како партнер за дигитализација. Клиентите имаа придобивка од разновидната понуда на услуги.

Дали досега сте соработувале со македонски компании и во која насока се движи македонскиот пазар во однос на решенијата за дигитализација во рамките на клауд-обработката и користењето клауд-услуги?
– Веќе имаме клиенти и партнер, а според тоа, и мултипликатор за „Егзоскејл“ во Македонија, а тоа е „ИТгма“ (ITgma). Тие беа особено возбудени во однос на „Егзоскејл“, па одлучија да мигрираат едно од нивните софтверски решенија во „Егзоскејл“, и со тоа, сега опслужуваме меѓународни клиенти. Бараме повеќе такви партнери, кои за нивните софтверски решенија ќе понудат успешна и конкурентна инфраструктурна платформа врз основа на клауд-технологии.