Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама, по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан во Брисел.
– Хан беше кристално јасен. Го направивме тоа што го бараа од нас. Но, покрај тоа што го направивме и тоа што треба да го направиме, се наоѓаме во ситуација во која Европскиот совет мора да одлучи што неговите членови сакаат или не сакаат да направат за своето семејство, со оглед дека важен член на семејството бара друг пристап на целото семејство во овој процес – рече Рама.
Тој додал дека треба да продолжат со сите реформи, бидејќи тоа е во интерес на албанските граѓани а не за да го задоволат Брисел, Лондон, Париз или Берлин.
– Мораме да обезбедиме авропска Албанија за нашите деца, со демократски институции, со институционални државни права, да ги исполните стандардите на економијата на ЕУ – заклучува Рама.