Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од доаѓањето на власт во 2010 година.
Нов градоначалник на Будимпешта е Гергели Карашони, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии. Според резултатите од локалните избори, Карашони освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлос, кандидатот на владеачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.
Унгарски медиуми јавуваат дека Тарлос веќе му честитал на својот ривал на победата. Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто.