Претставници на САД, Јапонија и Јужна Кореја во Вашингтон разговараа за денуклеаризација на Северна Кореја, соопшти Стејт департментот.
Специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Бајган, имал билатерални средби најпрво со јужнокорејскиот мировен претставник Ли До-хун, а потоа и со јапонскиот претставник за азиски прашања Шигеки Такизаки. Потоа разговарале сите тројца заедно.
Тројцата ја истакнаа важноста на меѓусебната соработка за да се дојде до целосна денуклеаризација и траен мир на Корејскиот Полуостров, соопшти Министерството за надворешни работи на САД.
Разговорите за севернокорејската нуклеарна програма што започнаа во Шведска во саботата беа прекинати, а Пјонгјанг ги обвини САД дека се одговорни за тоа.