Отровниот чад од шумските пожари во Индонезија беше причината поради која беа
затворени училиштата во државата, како и во соседна Малезија, додека квалитетот на
воздухот се влоши во Сингапур на само неколку дена пред трката во Формула Еден.
Шумските пожари беснеат на островите Суматра и Борнео, а Џакарта испрати илјадници припадници на безбедносните сили и авиони за гаснење пожар за да ги стават под контрола.
Пожарите во Индонезија се честа појава, но оваа година се најлоши во последните
неколку години и предизвикаа загриженост околу опстанокот на животниот свет и
глобалното затоплување. Смогот особено го загрозува животот на орангутаните на
Борнео, со тоа што голем дел од нив се третираат во центрите за заштита на животните.