Од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на својата фејсбук-страница информираа за нов случај на насилство врз бездомни животни, во скопската населба Аеродром.
Според нивнинте информации, сурово се убиени две кучиња, од кои едното било пронајдено мртво, а другото угинало во големи маки на пат до ветеринарна станица. Настанот е пријавен во полиција.
– Сведоци сме на комплетно безредие, нарушување на јавен ред мир, загозување на безбедноста на сѐ што е живо. Ниту едно ветување за похуман третман на животните, ниту една процедура, закон или пропис, ништо не е унапредено! Активистите за правата на животните се излажани како никогаш до сега – велат од здружението од каде додаваат дека секојдневно се соочуваат со фрапантни случаи на насилство и масовно убивање на бездомните животни.
Од „Анима мунди“ исто така предупредија дека доколку не се пронајде сторителот на овој крвав злочин, во Скопје и во другите градови повторно ќе се организираат протести за заштита на животните.
Насилство и комплетно безредие – КУЧИЊА МАСАКРИРАНИ со секира среде Аеродром, една од најурбаните општина во…
Posted by Anima Mundi – здружение за заштита на животни on Недела, 15 септември 2019