Поголема група луѓе нападнале лекари, сестри и болничари во градската болница „Климент Охридски“ во Скопје.
Во болницата бил донесен пациент со исекотина, а веднаш по него упаднала групата.
Инцидентот се случил по полноќ од 2 до 3 часот. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент.
Од утрово градската болница повторно е отворена. Неофицијално во инцидентот има и приведени. Од МВР подоцна ќе соопштат детали за инцидентот.