Машката кошарка ќе добие нов светски владетел, откако кошаркарите на Франција го приредија второто големо изненадување на Светското првенство (СП) во Кина, совладувајќи ги во вчерашното полуфинале САД, со 89-79. Франција во полуфиналниот дуел утре ќе игра со Аргентина, која претходно го елиминира првиот фаворит според ФИБА, Србија. Во втората полуфинална двојка Шпанија ќе игра со победникот од вчерашниот дуел Австралија – Чешка.
Во разигрувањето за пласман од 5-то до 8-то место ќе играат САД – Србија и Полска со поразениот од мечот Австралија – Чешка. Од репрезентациите што се во игра за трофејот досега светски прваци биле Аргентина и Шпанија (по еднаш), Франција има една бронза, а Австралија и Чешка досега не освојувале медали на мундијалите.
Шпанија рутински славеше над Полска, а еден од најзаслужните за овој успех беше Рики Рубио (28), играч на НБА-клубот Феникс. Натпреварот го заврши со 19 коша и девет асистенции, а тие девет додавања до соиграчите беа доволни тој да стане најдобар асистент во историјата на СП, со вкупно 115.