Доколку Полска ја задржи стапката на економки раст што ја достигна од 1990 до 2018 година, таа ќе се израмни со Германија за околу 21 година, се дознава од извештајот на Варшавското училиште за економија (СГХ) што беше претставен вчера на отворањето на 29-та економска конференција во Крница, јужна Полска.
– Од 1990 до 2018 година, Полска беше лидер на економскиот раст во Централна и Источна Европа, со просечна годишна стапка на раст од 3,2 отсто – вели Хана Годлевска-Мајковска, професорка во Варшавското училиште за економија.
Во извештајот исто така се наведува дека ќе бидат потребни 14 години за Полска да ја постигне стапката на БДП по глава на жител која ја имаат 15 од „старите“ членки на Европската Унија.
Според извештајот, во однос на БДП по глава на жител, Полска ја достигна Грција во 2015 година, а со Португалија треба да се израмни до крајот на годинава.
Сепак, проблем со снабдувањето со работна сила може да ја забави полската економија за околу 75 отсто во споредба со „старата 15-ка“, предупреди Годлевска-Мајковска.