Пожарот кај Катланово кој синоќа избувна над бензинска пумпа на „Окта“ на автопатот Велес – Скопје е изгаснат утрово околу шест часот.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени 22 пожарникари и 10 возила, а на терен беше испратено и едно возило од рафинеријата „Окта“ за да им помогне на пожарникарите, информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Во текот на ноќта биле изгаснати и сите останати активни пожари на подрачјето на Скопје.