Копилот делумно излетал од авион на „Сечуан ерлајнс“ откако предното ветробранско стакло ненадејно се отворило, а пилотот успеал да го спаси, по што во кинеската јавност бил прогласен за херој.
Еден час откако во понеделникот утрото по локално време авионот на летот 8633 се упатил од југозападот на Кина кон подрачјето на Тибет, пилотот Лиу Чуанѓијан слушнал заглушувачки звук, по што ветробранот во кокпитот ненадејно се отворил, а копилотот речиси до половината бил повлечен од надворешната средина.
Пилотот прогласил вонредна состојба и побарал итно слетување, по што успеал безбедно да го спушти леталото.
– Ситуацијата беше многу критична. Ветробранот беше оддуван на 10.000 метри височина. Авионот беше декомресиран, а температуата беше -30 до -40 Целзиусови степени – изјави Јианг Венксу, од кинеската цивилна воздухопловна администрација за државната телевизија.
Копилотот минал со полесни повреди, а никој од 119 патници не бил повреден.