Италијанскиот премиер во заминување, Џузепе Конте доби мандат за формирање на нова влада од претседателот Серџо Матарела.
Конте ќе се обиде да ја состави владата со членови од досегашното владејачко мнозинство, Движењето 5 ѕвезди и опозициската Демократска партија, пренесе „Ројтерс“.
Демократската партија вчера соопшти дека е подготвена да формира коалиција со Движењето 5 ѕвезди, со што на страна се ставени годините на меѓусебното непријателство за да се избегнат предвремени избори и да се ублажи економската неизвесност.
По повеќедневните тешки преговори, лидерот на Демократската партија, Никола Зингарели, му кажа на претседателот Матарела дека неговата партија ќе го прифати канидатот за премиер на Движењето 5 ѕвезди, досегашниот претседател на владата, Конте.