Владата на денешната седница ја донесе програмата за измени и дополнувања на програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) којашто покрај пензионерите ќе ги опфати и лица до 18-годишна возраст на семејства корисници на социјална парична помош во Република Македонија за 2018 година.
Од владината прес-служба за инфрмирање соопштија дека министрите ги усвоиле конечните извештаи за извршената ревизија на финансиското работење за 2016 година на јавната здравствена установа Институт за јавно здравје и Институт за медицина на трудот.
Владата, како што се наведува, ги испратила двата ревизорски извештаи до Основното јавно обвинителство.