Преодниот фудбалски рок во Англија, во Премиер-лигата, во Чемпионшиш, Лига 1 и Лига 2, ќе почне утре (до лани почнуваше на 1 јуни) и ќе трае до 9 август, пред почетокот на новата сезона во Премиер-лигата, која на програмата е на 11 август.
Досега летниот преоден рок се одвиваше од 9 јуни до 31 август, но премиерлигашките клубови инсистираа преодниот рок да почне и да заврши порано за да можат трансферите да ги завршат навреме, пред, а не по почнувањето на новата сезона.
Што се однесува до трансферите на играчите во Европа, преодниот рок и натаму ќе трае од 1 јуни до 31 август. Според прописите на Светската фудбалска федерација (ФИФА), во секоја земја летниот преоден период мора да трае најмалку 12 недели.