Популарната компанија за производство на облека „Версаче“ изминатата недела го навлече гневот на потрошувачите во Кина, откако на нивна маичка беше испечатено дека Хонгконг и Макау се независни нации, објави „Јуроњуз“.
На маичката на која се наборјани повеќе светски градови и земји, слично како на маиците кои се продаваат на концетри, пишува Рио де Жанеиро, Бразил; Дизелдорф, Германија; Пекинг, Кина и сично. Но, покрај покрај Хонгконг стои Хонгконг и покрај Макау, Макао.
Хонгконг и Макау се поранешни европски колонии кои и беа вратени на Кина во 1990-тите години, и сега се водат како специјални административни региони кои делуваат полуавтономно во однос на кинексата држава. Во моментов, во Хонгконг се одржуваат масовни протести кои започнаа поради контроверзниот закон за екстрадиција, а се развија во големи антивладнини демонстрации и многу нови барања од учесниците, што дополнително ја влоши ситуацијата.
Фотографијата од маичката на „Версаче“ предизвика силни реакции на јавноста во Кина, особено на кинеската социјална мрежа Веибо. Корисниците ја осудија компанијата за закана на кинескиот интегритет и побараа извинување од „Версаче“ за навреда на кинескиот народ.
Светски познатиот бренд се изивни и кажа дека ги повлекле маичките од продажба. Во меѓувреме, Донатела Версаче на Инстаграм изрази жалење за „несреќната“ грешка.
– Не сакав да покажам непочитување кон националниот суверенитет на Кина и затоа сакам лично да се извинам за овој неточен став и неволјите кои ги предизвика маичката – напиша Донатела.