Фото: Зоран Антоски

По неполна седмица во село Зајас е регистриран втор пожар. Овој пат пожарот избувнал во месноста Думоско маало. Огнената стихија зафатила сува трева и еден електричен столб во сопственост на ЕВН од електромрежата.

– Во ПС Зајас приведено е лице од истото село, кое е осомничено за предизвикување на пожарот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Благодарение на навремената интервенција на ТППЕ Кичево, пожарот е изгаснат. Радува фактот што ова лето важи за едно со најмал број на пожари, што придонесува и износот на штетите од огнената стихија да бидат минимални – истакнуваат од СВР Охрид.

З.А.