Британскиот премиер Борис Џонсон разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за трговијата и економските проблеми, соопшти кабинетот на Џонсон.
-Премиерот разговараше денеска со претседателот Доналд Трамп. Стана збор за општите економски проблеми и трговијата, а премиерот го извести претседателот и за брегзитот, се наведува во соопштението од кабинетот, а пренесе „Ројтерс“.
Трамп и Џонсон беа во добри односи и пред да биде Џонсон именуван за премиер на Велика Британија.