Денеска, со почеток од 9 часот, поради одбележувањето на Илинден, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што за сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин до крстосницата помеѓу улицата Даме Груев, улицата Васил Главинов и улицата Димитрија Чуповски и од крстосницата помеѓу улицата Даме Груев, улицата Македонија, улицата Филип Втори Македонски до улицата Кеј 13 Ноември.

Исто така, во времето од 5 до 14 часот, на улицата Беласица, и од 14 до 18 часот, на улицата Самуилова (вијадуктот кај стоковната куќа „Мост“) во Скопје, во организација на Друштвото за филмска продукција „Фокус покус филмс“ од Скопје, ќе се снима филм поради што одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и тој ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвиваат настаните.


Автобусите на ЈСП ќе возат според неделен возен ред

Поради државниот празник 2 Август – Илинден, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП – Скопје, дежурни ќе бидат и три билетарници: кај Транспортен центар и на Зелен пазар од 7 до 19.30 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.