Законодавното тело на градската власт во Милвоки, САД, одобри исплаќање на отштета од 7,5 милиони долари на човек кој 24 години помина во затвор, осуден со лажни докази, објави „Милвоки сентинел“.
Градот на Роберт Ли Стинсон ќе му плати 3,5 милиони во август и четири милиони долари во јануари, откако тој постигна спогодба со локалната власт за тужбата поднесена против градот и еден од поранешните полициски детективи.
Спогодбата доаѓа по судењето кое траеше околу осум дена, непосредно случајот да стигне до поротата. Стинсон тврдеше дека детективите и заболекарите користеле лажен отпечаток на вилица во нивното градење на случајот, во обид да го наместат за убиството на неговиот сосед.
Градот сега ќе треба да позајмува пари бидејќи буџетот за исплата на отштета е исцрпен. Претходно, најголемата исплата на градските власти во Милвоки беше 6,5 милиони долари за Шанте От, кој помина 13 години во затвор откако беше погрешно обвинет за убиство што го сторил серискиот убиец Волтер Елис.