Индија успешно ја лансираше својата втора ракета на Месечината, една недела по откажувањето на планираното лансирање поради технички проблеми.
Чандрајан 2 беше лансирана во 14:43 часот по локално време од вселенската станица Шрихарикоте.
Индија се надева дека ракетата на мисијата вредна 150 милиони долари, ќе биде првата која слетала на јужниот пол на Месечината. Настанот бил емитуван во живо на телевизија и следел громогласен аплауз во контролната соба на индиската истражувачка организација.
За првпат во историјата на Индија експедицијата е изведена од страна на две жени – Матаја Ванита, проект-менаџер и Риту Каридал, шеф на мисијата.