Реализацијата на идејата за инвестирање во напредно (smart) решение за експресна достава на пратки е резлутат на анализа на пазарните трендови во сегментот на достава на пратки кои се предмет на е-трговијата и на истражувањето на потребите на корисниците за услуги за достава во Македонија и во светот.
Вкупниот обем на приходи остварени од е-трговија на глобално ниво, изнесувал 2,8 илјади милијарди евра во 2018 година, бележејќи просечен годишен пораст од преку 20% во изминатите години. Се очекува дека ваквиот тренд ќе даде значителен поттик на B2C пазарниот сегмент за достава на пратки на којшто се фокусираме. Овој сегмент на пакетска и експрес достава е најдинамичниот сегмент за достава на пратки од е-трговијата и бележи раст од 14,3% во обем на пратки и преку 10% во приходи, со вкупен приход преку девет милијарди евра.
Анализите на е-трговијата во Македонија покажуваат дека овој сегмент бележи исклучителни стапки на пораст (во текот на 2018 година 406.000 онлајн-купувачи во Македонија, што е пораст од 62% во споредба со 2017 од кои повеќе од половината 52,3% купувале од домашни он-лајн продавници).
Проблемот на “последната милја“ едноставно кажано е главното прашање за компаниите, особено за оние имаат потреба од испорака од големите складишни центри до потрошувачите во сегментот на е-трговијата. Ова е фундаментален проблем, бидејќи е потребно да се изнајде решение што треба да ја подобри ефикасност на целокупниот процес на испорака. Додека глобалниот логистички систем е способен за транспорт на големи количини на стоки на огромни растојанија ширум светот, т.н. “последна милја“ или достава до домот на купувачот претставува голем проблем.
Позиционирајќи се токму во сегментот на експресна и достава на пратки во ист ден (express delivery and same day delivery) сметаме дека инвестираме во пазарен сегмент со огромен потенцијал и неограничени можности за соработка со речиси сите деловни субјекти, со оглед на тоа дека доставата на пратки го претставува ’рбетот и крвотокот на економијата преку којшто се мери ефикасноста на една економија.
Од друга страна, анализата на потребите на корисниците во Македонија ни даде дополнителен поттик за инвестиција со оглед на тоа дека во недостаток на слично решение може да кажеме дека Премиум Деливери во моментов го има единственото решение за достава на пратки кое овозможува услуга по нарачка, со можност за геолокациско поврзување на местото за подигање и достава на пратката со најблискиот доставувач и при тоа корисничката апликација прилагодена за веб и паметни преносливи уреди, овозможува визуелно следење на целиот процес на достава во реално време.
Мобилните апликации и веб сервисот на Премиум Деливери, исто така, овозможува безбедност на пратките и можност за избор на дополнителни услуги како што се: осигурување на пратки, однапред дефинирано време за подигање и достава на пратките, достава на документи за потврда на успешна испорака и употреба на сигурносни кодови коишто спречуваат злоупотреби.
Премиум Деливери се појавува со решение базирано на мобилна апликација и веб сервис кој што нуди On-demand услуга за достава на пратки користејќи напредна технологија и софтвер за геолокациско поврзување на точките за подигање и достава на пратките како и можност за следење на самиот процес на достава, на мобилните уреди и на исраќачот и на примачот.
Истовремено, Премиум Деливери користи уникатни софтверски алгоритми за оптимизација на рутите за достава и менаџмент со пратките, а користејќи велосипеди при доставата претставува еколошко и одржливо решение кое заштедува време, пари и воедно не ја загадува животната средина.
Премиум Деливери на пазарот на услуги за достава може да одговори на потребата на корисниците, да го обезбеди она што им треба, што е можно поскоро или тогаш кога го им е потребно, на начин како што им одговара. Премиум Деливери е решение за потребите на потрошувачите и на продавачите, решение кое може да го револуционизира сегментот на испорака на “последна милја“, но и да придонесе за многу подобри деловни резултати на компаниите кои ќе го користат решението како платформа за достава на своите производи.