Лидерите на Европската Унија, денес околу пладне, го прекинаа состанокот во Брисел без резултати за изборот на водачите на ЕУ.
Тие планираат да се сретнат повторно утре за да најдат излез за застојот во кадровките решенија.
Претставникот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска објави дека Туск „го прекинал состанокот и го закажал продолжувањето за утре во 11 часот”.
Лидерите заседаваа повеќе од 18 часа обидувајќи се да номинираат пет кандидати кои ќе ги предводат највисоките институции на ЕУ во следните пет години.