Во издание на „Или-или“, излезе од печат книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ.
Во книгата која содржи 65 прикаски, или како што ги нарекува авторот, „белешки на Случајниот Минувач, подготвени како мезе за муабет во семејното бифе „Носталгија“, се објавени и дваесетина фотографии на тема „Маалски прикаски“.
Истите се дела на познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Борис Грдановски, Наке Батев, Маја Златевска, Андреј Гиновски и Радован Вујовиќ.
Промоцијата на седмата книга на Станковиќ ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), во среда, на 26 јуни, во 20 часот.
– За и околу книгата и нашите маала, со мало фаворизирање на Карпош-ите, ќе муабетат, читаат/пеат: Калина Малеска, актерот Драган Спасов Дац, музичарите Петар Ренџов и Ристо Самарџиев, сè според „старите добри маалски правила“, дружба, муабет, музика од „нашите времиња“, бифе со ниски цени… – најавата за промоцијата авторот Станковиќ.
Книгата им е достапна на читателите во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје.