Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја. Станува збор за прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години. Тој во Пјонгјанг, ќе има средба со лидерот Ким Јонг-ун во обид да се засилат билатералните односи.
Можно е за време на дводневната посета Си Џинпинг да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.
Том Раферти од британски „Економист“ нагласува оти средбата, на одреден начин, претставува порака до САД, односно дека таа е резултат на потреба, наместо на пријателство.